За капитални инвестиции 20% повеќе од годинава

Bez autora
Sep 22 2013

Државната каса за 2014 година ќе има приходи од 158.200.000.000 денари (2,57 милијарди евра) и расходи од 176,5 милијарди денари (2,87 милијарди евра). Дефицитот од 3,5% ќе се покрива со комбинација на домашни и странски извори. Ова го предвидува Владата, која на последната седница го усвои предлогот на Буџетот за наредната година и вчера го достави до Собранието. Заедно со овој документ пред пратениците ќе се најдат и ребаланс на годинешниот буџет, завршната сметка на буџетот за минатата година, Фискалната стратегија за среднорочниот период од 2014 до 2016 година и Извештајот за јавниот долг, исто така усвоени на последната владина седница.

За капитални инвестиции 20% повеќе од годинаваДржавната каса за 2014 година ќе има приходи од 158.200.000.000 денари (2,57 милијарди евра) и расходи од 176,5 милијарди денари (2,87 милијарди евра). Дефицитот од 3,5% ќе се покрива со комбинација на домашни и странски извори.

Ова го предвидува Владата, која на последната седница го усвои предлогот на Буџетот за наредната година и вчера го достави до Собранието. Заедно со овој документ пред пратениците ќе се најдат и ребаланс на годинешниот буџет, завршната сметка на буџетот за минатата година, Фискалната стратегија за среднорочниот период од 2014 до 2016 година и Извештајот за јавниот долг, исто така усвоени на последната владина седница.

Според вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, буџетот за оваа година е за 7% повисок од годинашниов, а се разликува и по тоа што предвидува 20% повеќе средства за капитални инвестиции.
- Значајно е што во вакви околности Република Македонија и Владата одвојуваат средства за 20% повисоки за капитални инвестиции во 2014 година во однос на 2013 година. Тоа е она што треба да овозможи и понатаму да продолжи високиот раст на бруто-инвестициите и да помогне да се реализира предвидениот пораст на БДП - рече Ставрески.

Најзначајните капитални инвестиции се во патната и железничката инфраструктура, односно со околу 3,4 милијарди денари ќе биде поддржана пред се изградбата на главните коридори 10 и 8. Средства за оваа намена има и во Агенцијата за патишта, а за енергетските проекти има дополнителни средства во ЕЛЕМ и МЕПСО, така што за капитални инвестиции ќе се искористат многу повеќе пари од тие предвидени во буџетот. Значителни средства се издвојуваат за инвестиции во образованието, детската заштита и спортот (2,4 милијарди денари), или околу 11% од вкупните капитални расходи, а 2,9 милијарди денари се за изградба и реконструкција на јавни здравствени установи, што е 8,5% од вкупните капитални расходи. Издвоени се и средства за енергетска и комунална инфраструктура и за изградба на технолошко индустриски развојни зони.

За веќе најавеното зголемување на платите на вработените во јавниот сектор од 5% кое треба да се реализира со октомвриската плата се одвоени 350 милиони денари, за зголемување на пензиите за ист процент од март има 1,8 милијарди денари, а субвенциите за земјоделците се позиционирани на 140 милиони евра.

Буџетот е планиран на проектиран економски раст од 3,2% и инфлација од 3,3% во 2014 година.
На Буџетот за 2013 година е направен мини ребаланс, со корекција на само две ставки, зашто сите буџетски параметри се во рамките на планираното. Корекција има на расходната страна со додавање дополнителни средства за Фондот на пензиско и инвалидско осигурување во износ од 1,34 милијарди денари заради повисоките расходи во однос на индексацијата и за Министерството за образование и наука во износ од 430 милини денари потребни за опремување на лабораториите.

Со среднорочната фискална стратегија за периодот од 2014 до 2016 година, која е рамка за буџетот и за фискалната политика предвидено е БДП во 2015 година да оствари раст од 3,8%, а во 2016 од 4,5%. Инфлацијата ќе остане на ниско ниво и во 2015 и 2016 година ќе изнесува под 3%. Намалување е предвидено и кај буџетскиот дефицит со стапка од 3,2% во 2015 година и 2,6% за 2016, при што главниот акцент повторно ќе биде ставен на капиталните инвестиции.

- Очекуваме постепено зголемување на економскиот раст, што секако ќе зависи од околностите во европската економија. Ова базично сценарио е направено врз претпоставка дека европската економија исто така постепено, не одеднаш, ќе заздравува и дека ќе има позитивен тренд веќе следната година - истакнува Ставрески.

Државниот долг во наредниот период треба да остане на умерено ниво и до 2016 година да не надмине 37,6% од БДП што, според вицепремиерот повторно Македонија ќе ја направи една од петте најмалку задолжени држави во Европа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik